ЛДП бара итно воведување трет мобилен оператор во земјата

ЛДП бара Агенцијата за електронски комуникации итно да овозможи влез на пазарот на трет мобилен оператор и да престане да го штити дуополот на мобилните оператори.
Потпретседателот на партијата Зоран Шапуриќ на прес конференција денеска рече дека ЛДП бара постапката за воведување трет мобилен оператор да биде целосно транспаретна.
тој посочи дека со спојувањето на ВИП и ОНЕ се созаде дуопол и се намали конкуренцијата, со што се зголемија цените.
- Овој дуопол и во иднина ќе продуцира натамашно зголемување на цените. Агенцијата за електронски комуникации, претходно укажуваше дека нема да дојде до зголемување на цените, што се покажа како сосема неточно. Спојувањето не требаше да се дозволи од Државната комисија за заштита на конкуренција, се’ додека не се пронајдеше нов мобилен оператор, рече Шапуриќ.
Ново на Сител
-

Денеска се избира наследникот на Ислам Абази
-

Почнува амандманската распава за ребалансот на Буџетот – поднесени над 120 амандмани
-

Студентите денеска на средба со премиерот и министерката за образование
-

Податоците за загадувањето и дивите депонии ќе се дигитализираат и ќе бидат отворени за граѓаните
-

Најмладиот пациент со мозочен удар на 26 годишна возраст
-

Климатските промени го загрозуваат пчеларството
-

Светски форум за ориентален тутун во Прилеп - како да се зачува тутунопроизводството наспроти строгите правила на СЈО
-

Преглед на вестите од светот
