Лажна сметка од вечерата меѓу Макрон и Трамп од 82.000 евра
Еден интернет портал во Франција негодува поради високата сметка на вечерата меѓу двата претседатели Емануел Макрон и Доналд Трамп, заедно со нивните сопруги во ресторанот Жил Верн на Ајфеловата кула, но без притоа да провери дека сумата од 82.345 евра за која зборува е измислена од страна на белгискиот сатиричен портал Нордпресс, јавува дописникот на МИА од Париз.
Оваа лажна информација на францускиот портал, близок до крајната десница, не е прва од ваков вид, пишува Декодес на париски Ле Монд. Порталот дури и тврди дека таа информација била „потврдена“ од екипата на Макрон.
Се започна со статија на белгискиот сатиричен портал, кој тврдеше на 15 јули дека ја објавиле „неверојатната сметка “ од вечерата на двете претседателски двојки. Ова пропратено со многу лоши копии од сметка, која воопшто не е од вечерата.
Потоа во втората статија, во неделата на 16 јули, и преку твитер профил, кој му се припишува наводно на Макрон, тврди дека реалната сметка била 82.345 евра.
„Ние сме среќни да знаеме дека вечерата чинеше само 82.345 евра, наместо 154.953 иринизираше Нордпрессе.
Споменатите цени изгледаат навистина претерани, во ресторанот Жил Верн на Алан Дукас кој се наоѓа на вториот спрат на Ајфеловата кула. Француските телевизии го објавија менито. Менито „експеријанс“ чини 230 евра по гостин, и „пакетот вечера“ чини 950 евра за две лица, шест чаши вино чинат 120 евра...
Ново на Сител
-
Јовева: ЕП ги признава македонскиот идентитет и јазик, тие не можат да се земат ни со лобирање, ни со гласање
-
Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина
-
МВР: Акциска контрола во ноќни клубови во тетовско и гостиварско, приведени седум странски државјанки
-
СПМ: Извештајот на ЕП - индиферентност кон македонскиот идентитет, јазик, нација, култура и историја
-
Изречени 86 мерки за сообраќајни прекршоци во Кичево
-
Во мирување одлуката за штрајк на контролорите на летање
-
Без струја дел од корисниците во Бутел, Аеродром и Чучер Сандево, без вода во Кисела Вода и Центар
-
Голем пожар на Тасос, туристите се евакуираат