Живот
12. September 2015 - 15:41

Лажна Интернет смрт на легендарниот Дел Бој од серијата „Мучки“

Во веста која со брзина на светлината се прошири по социјалните мрежи се наведува дека во 75-та година од животот од срцев удар почина глумецот Дејвид Џејсон.

Легенардиот Дел Бој, ѕвездата на серијата „Мучки“, е најновата жртва на Интернет измама откако со лажен напис беше прогласен за мртов.

Во измамничкиот текст се наведува дека Дејвид починал во 75-та година од последици на срцев удар.

Интересно е дека веднаш по отворањето на веста на Интернет место сликата на Дејвид се појавува трол што укажува на тоа дека вест е лажна.