-->
-->
Лажна дојава за бомба во „Револушн“ во Куманово
-->

Непознато лице ноќеска, 20 минути по полноќ телефонски се јавило во Полициската станица Куманово и пријавило дека во ноќниот клуб „Револушн“ има поставено експлозивна направа.
Како што информира денеска МВР, стручните лица од Одделот за антитероризам при МВР на РМ извршиле увид на местото и констатирано е дека во објектите нема поставено експлозивна направа и оти се работи за лажно пријавување.
На терен интервенирале полициските службеници од СВР Куманово, а сите лица биле евакуирани поради безбедносни причини.
СВР Куманово работи на целосно расчистување и документирање на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
