-->
-->
Лажен телефонски повик за поставена бомба во грчкиот Парламент
-->
Лажен и фарса бил анонимниот телефонски повик вчера попладнето за поставена бомба во или пред грчкиот Парламент, со оглед на тоа што полицијата не пронајде ништо сомнително, јави дописничката на МИА од Атина.
Непозната женско лице, околу 18:30 часот по локално време, преку анонимен телефонски повик во грчката телевизија „Антена“ предупредило за поставен експлозивен механизам пред Парламентот во центарот на Атина, давајќи рок од 45 минути до експлозијата.
Веднаш реагирала полицијата, го затворила делот околу Парламентот, го запрела сообраќајот, а по спроведената проверка од Секторот за неутрализирање на експлозивни направи, не било пронајдено ништо сомнително.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
-

50-годишен тетовец ја тепал ќерка му и рекол дека ќе ги запали ако викнат полиција
