Лазаров: Успеавме да составиме тим на играчи кои се борат еден за друг

Македонскиот ракометен тим се две победи и вкупна разлика од 22 гола во баражот ја совлада Словачка и по десетти пат избори пласман на Светско првенство.
- Сакам да им честитам на момците за денешните 15 гола разлика, таа разлика не се постигнува туку-така. Мора да бидеме задоволни без разлика на нивото на ривалот Словачка. Презадоволен сум од пристапот на двата натпревара од сите играчи. Во претходните 1,5 година успеавме да составиме тим на играчи кои се борат еден за друг, дисциплинирани се, не е важно кој е најдобар важно е да победуваме. Се мачевме многу да дојдеме до ова, и сега мора да го задржиме тоа. Мислам дека играчите растат со нашата лига, во нивните клубови, со квалитетни натпревари добиваат на искуство. Откако јас сум селектор, ова е шесто големо натпреварување во низа, со 99% променета генерација од претходно. Тој процес треба да се истрпи, а ние успеавме во тој период со стручниот штаб, со РФМ, со медиумите, да опстанеме на големата сцена и да создадеме производ кој ќе ја прави горда Македонија во следната деценија, изјави селекторот Кирил Лазаров.
Македонската ракометна репрезентација по десетти пат ќе учествува на СП, а по осми во низа од 2013 година.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата го опструира носењето на Изборниот законик
-

Покачувања на цените во рестораните и кафулињата
-

Кошмар во Штип, додека спиеле багер им срушил дел од куќата
-

Ќе се деминира трасата на автопатот од Прилеп до Битола
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ на централен одбор расправа за пратеничката Славјанка Петровска
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
