Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот

Ракометарите на Вардар вечерва го играат реванш четвртфиналето од Лига Европа. Во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ гостува францускиот преставник Монпелје. На првиот дуел пред седум дена францускиот тим го искористи домашниот терен и слабото второ полувреме на Вардар и постигна победа од десет разлика (33:23).
Во редовите на Вардар знаат дека предноста на противникот е висока, но сепак се подготвени да се борат.
-Не очекува тежок натпревар. Не очекувавме така да заврши дуелот во Франција. Но, сепак наша обврска е да го дадеме максимумот, а со голема помош од трибините да се прикажеме во подбро издание, изјави Милан Лазаревски.
Според најавите на вечерашниот дуел Вардар ќе настапи комплетен со Дмитро Хорига и Јака Малус, кои поради повреда и болест го пропуштија дуелот во Франција.
Пред натпреварот ќе има организирана и фан-зоната пред салата, која ќе почне од 18:30 часот на платото пред главниот влез. Почетокот на натпреварот е во 20:45 часот.
МИА
Ново на Сител
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
