Лавров - Тилерсон: Без воени акции со сериозни последици

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги повика САД да се воздржат од какво било воени акции на Корејскиот Полуостров, кои би имале „непредвидливи последици“.
Лавров во телефонски разговор со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон истакна дека за Москва е контрапродуктивно да се интензивираат санкциите со цел да се изврши притисок врз Северна Кореја.
Северна Кореја во вторникот лансира балистичка ракета која прелета над северниот дел на Јапонија и падна во Тихи Океан во близина на островот Хокаидо. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека светот ја прими пораката од Пјонгјанг и порача дека сите опции се на маса.
- Лавров и Тилерсон разговараа и за Сирија и за Персискиот Залив, се наведува во соопштението од руското Министерство за надворешни работи.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Глутница кучиња во скопски Карпош: Граѓаните видно вознемирени - што ќе превземат властите?
-

Тема на денот со Никола Грпчевски, државен советник во Министерство за здравство
-

Унгарски 4 Ај Џи доби лиценца за трет мобилен оператор
-

18 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце во која загинаа 11 припадници на воздухопловниот винг
-

Екс директорот на Геријатрија идната недела ќе ја слушне пресудата за примање поткуп
-

Неизвесно е воведувањето на системот „Safe city“ од 1 февруари
-

Азир Алиу - законот за заштита од пушење не е ригорозен туку е европски
