Свет
31. August 2017 - 9:05

Лавров - Тилерсон: Без воени акции со сериозни последици

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги повика САД да се воздржат од какво било воени акции  на Корејскиот Полуостров, кои би имале „непредвидливи последици“.

Лавров во телефонски разговор со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон истакна дека за Москва е контрапродуктивно да се интензивираат санкциите со цел да се изврши притисок врз Северна Кореја.

Северна Кореја во вторникот лансира балистичка ракета која прелета над северниот дел на Јапонија и падна во Тихи Океан во близина на островот Хокаидо. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека светот ја прими пораката од Пјонгјанг и порача дека сите опции се на маса.

- Лавров и Тилерсон разговараа и за Сирија и за Персискиот Залив, се наведува во соопштението од руското Министерство за надворешни работи.