Лавров: Се надевам дека договорот ќе биде поддржан од граѓаните на Македонија и Грција
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изрази надеж дека договорот за новото име на Македонија ќе биде во интерес на Атина и на Скопје и дека ќе го подржат граѓаните и на двете држави, пренесе Спутник од Белград.
- Секогаш нагласувавме дека се залагаме за пронаоѓање договор за тој проблем, без мешање однадвор, без поставување на одредени вештачки услови. Говоревме дека ќе го поддржиме решението кое ќе биде во интерес на Грција и на Македонија и кое ќе има широка народна поддршка. Се надевам дека договорот кој вчера беше објавен е токму таков, изјави Лавров на прес-конференцијата во Москва со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.
Од своја страна, Коѕијас истакна дека надворешната политика на Грција е активна, демократска и повеќепланска. Според него, под овие услови, грчката влада го реши овој проблем со цел да се стави крај на долгогодишниот спор околу името
Ново на Сител
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
МОН: Учебници за сите ученици на стартот на новата учебна година
-
Полицаец обвинет за давање поткуп на колега на ГП Долно Блаце