Лавров: САД знаат каде се позициите на џихадистите, но не даваат наредба за напади

Москва има информација дека САД точно знаат каде се распоредени позициите на Исламска држава, но не даваат наредба за изведување напади, изјави денеска за Првиот канал на руската телевизија шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пренесе ТАСС.
-Се надевам дека нема никого да откријам ако кажам дека некои наши колеги од земјите кои се во меѓународната коалиција ни велат дека понекогаш имаат информација каде конкретно, на какви позиции се наоѓаат едни или други единици на Исламска држава, а командата на коалицијата (природно, САД) не дава согласност за изведување напади, објасни Лавров.
„Не сакам да правам никакви заклучоци. Кој знае какви проценки, информации и високи причини има командата, и можно е другите да не располагаат со нив. Но, такви сигнали сепак има“, дополни Лавров.
Пред ова, Лавров забележа дека е можно САД, кои тој ги нарече „нашите американски партнери“, или од самиот почеток да ја формирале својата коалиција на начин што не бил „многу промислен“ или така ја змислиле да таа ги нема овие цели, што јавно беа објавени. Коалицијата се создаваше многу спонтано: буквално за неколку дена беше објавено дека во неа влегуваат повеќе земји, почнаа некакви напади, рече рускиот министер за надворешни работи.
Тој, исто така, кажа дека кога се анализира работата на авијацијата на земјите што влегуваат во антиџихадистичката коалиција, се создава „страничен впечаток“ и дека понекогаш се „провлекува и мислата дека, освен зададената цел - борба со Исламска држава, коалицијата има и некакви други задачи.
Ново на Сител
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
-

МЗ: Новото законско решение за медицински средства носи европски стандарди и поефикасни постапки
-

Муцунски од Анталија: Регионалната поврзаност е предуслов за развој и стабилност
-

Конвој танкери е забележан како го напушта Персискиот Залив и минува низ Ормуската Теснина
-

САД го продолжуваат рокот за привремен исклучок од забраната за купување руска нафта
-

Украински дронови погодија складиште за нафта во Крим, предизвикувајќи пожар
