Лавров нема да ја посети Србја откако Македонија, Бугарија и Црна Гора не дозволија прелет на неговиот авион
Откажана е посетата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Србија, откако соседните земји соопштија дека го затвораат својот воздушен простор за неговиот авион, изјави висок функционер од руското Министерство за надворешни работи за руските медиуми.
Британските медиуми наведуваат дека изворот од руското МНР потврдил дека Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора го затвориле својот воздушен простор за авионот кој денеска Лавров требаше да допатува во Белград.
-Нашата дипломатија се уште не ја совладала телепортацијата, изјави изворот од руското МНР.
Руското Министерство за надворешни работи засега не се појави со официјален коментар, а за денеска е најавена изјава на шефот на дипломатијата.
Српската радио-телевизија синоќа објави дека посетата на шефот на руската дипломатија на Белград е неизвесна, а премиерката Ана Брнабиќ претходно дента за ТВ Пинк кажа дека ситуацијата во врска со посетата е „исклучително комплицирана“.
Ново на Сител
-
Уапсени три криминалци од Куманово барани со потерници за затворски казни
-
Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
-
Во среда се гласа извештајот за Македонија
-
Муцунски во Хаг
-
Муртезани во Париз
-
Расте електронското плаќање
-
Водовод: Секој скопјанец дневно троши по 664 литри вода
-
Интерпелацијата на Костадиновски од Уставен можно е да пропадне