-->
-->
Лавров ја откажа посетата на Турција по соборувањето на рускиот авион
-->
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека нема да ја оствари утрешната планирана посета на Турција, по соборувањето на рускиот воен авион од турска страна.
Тој, исто така, ги посоветува Русите да не патуваат во Турција, додавајќи дека заканата од тероризам во оваа земја не е помала од онаа во Египет, каде руски патнички авион минатиот месец беше соборен во бомбашки напад.
Шефот на руската дипломатија нагласи дека рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба со јорданскиот крал Абдула го оценил нападот на турските воено воздухопловни сили како „забивање нож во грбот на Русија“.
Лавров потенцира дека руското летало извршувало антитерористичка операција и се наоѓало во сириското воздушно пространство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Три куќи изгореа во пожар во Злокуќани, двајца пожарникари побарале лекарска помош
-
Општинските власти бараат поригорозни санкции за пироманите
-
Дали ќе има нови мерки за високите цени?
-
Зголемени наплати, спречени обвиди за шверц – успешна година зад Царинската управа
-
Прилеп ќе добие Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп