-->
-->
Лавров и Кери ќе се сретнат со своите саудиски и турски колеги во Виена
-->
Шефовите на руската и американската дипломатија - Сергеј Лавров и Џон Кери, во петок во Виена ќе се сретнат со своите колеги од Саудиска Арабија и Турција - Адел ал Џубеир и Феридун Синирлиоглу, за да ја разгледаат ситуацијата во Сирија и Блискиот исток, информира руското Министерството за надворешни работи, цитирано од ТАСС.
Лавров и Кери, во денешниот телефонски разговор, ги разгледале подготовките за средбата на 23 октомври во австриската престолнина, а иницијативата потекнала од американска страна.
Рускиот министер предложил истиот ден да се свика и министерска средба на Квартетот меѓународни посредници за Блискиот исток (Русија, САД, ЕУ и ОН) заради исклучително заострените палестинско-израелски односи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор