Лавров и Јагланд се пошегуваа на темата „доверливи информации“
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд денеска во текот на состанокот Комитетот на министри на СЕ во Никозија, се пошегуваа на тема „откривање на доверливи информации“.
- Нема да имате проблем со овие фотографии, му се обрати Јагланд на Лавров во текот на состанокот покажувајќи им на новинарите фотографии од средбата.
- Зависи од тоа какви доверливи инфромации ќе ми откриете, му одговори Лавров со насмевка.
Какп што јави ТАСС, шега се однесуваше во врска со тврдењата на весникот „Вашингтон Пост“ дека американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела на средбата со Лавров во Вашингтон му пренел доверливи информации за плановите на џихадистичката група Исламска држава, кои САД не ги споделиле со своите сојузници.
Белата куќа и Кремљ ги негираа ваквите тврдење на весникот.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце