Лавров ги обвини НАТО и ЕУ дека водат „вистинска војна“ против Русија

Шефот на руската дипломатија ги обвини НАТО и ЕУ дека ја користат Украина за водење војна против неговата земја, јавија британските медиуми.
Највисокиот руски дипломат оваа забелешка ја упати во синоќешниот говор на маргините на 80-тото заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Британските медиуми пренесоа дека овие негови тврдења официјален Лондон ги оценил како „лажни искривувања од светот на фикцијата“.
Лавров зборуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 во Обединетите нации откако американскиот претседател Доналд Трамп, во остра промена на реториката, ги исмеа воените акции на Москва и рече дека верува оти Украина е способна да ја врати територијата заземена од руските сили.
- Друг впечатлив пример е кризата во Украина предизвикана од Западот, преку која НАТО и ЕУ веќе (…) објавија вистинска војна против мојата земја и директно интервенираа во неа, рече Лавров.
Тој не ги спомена коментарите на Трамп, но ја потврди позицијата на Русија дека западните акции ја предизвикаа војната во Украина, која Москва ја започна во февруари 2022 година.
Шефицата на британската дипломатија, Ивет Купер, го повика Лавров, кој требаше да си замине, да остане во салата додека го започнуваше својот говор и ја осуди „неиспровоцираната војна“ на Москва.
- Не може да убеди никого ниту едно од лажните искривувања од светот на научната фантастика, од дезинформациите и од пропагандата на рускиот претставник за причините за војната, рече Купер на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20.
МИА
Ново на Сител
-

Во Обединетото Кралство секој ден во просек по петтмина Албанци се осудуваат на казна затвор
-

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница
-

Трамп до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол
-

Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби
-

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола
-

Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје во последното деноноќие, во Штип синот го нападнал својот татко
-

Мицкоски: Состојбата со горивата во овој момент е стабилна, нема потреба од какво било ограничување
-

Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект, а во една обложувалница биле затекнати малолетници
