-->
-->
Лапорта: Куман останува тренер на Барселона
-->
Претседателот на шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона, Жоан Лапорта денеска ги демантираше наводите во локалните медиуми и рече дека Роналд Куман останува тренер на каталонскиот клуб.
– Куман и натаму ќе биде тренер на Барселона, изјави Лапорта, неколку часови пред вечерашното дерби против Атлетико во Мадрид, за кој шпанските медиуми најавија дека ќе биде последен за Куман на клупата. – Без оглед на резултатот, Куман и натаму ќе биде тренер на Барселона. Тој има договор и се надеваме дека ќе нè врати на победничките патеки. Знам дека ќе даде сè од себе, додаде претседателот на Барселона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
