Лапароскопски гинеколошки операции за прв пат во болницата во Кавадарци

На гинеколошко - акушерското одделение при ЈЗУ општа болница со проширена дејност Кавадарци за прв пат се направени две гинеколошки лапароскопски операции. Двете минимално инвазивни процедури се изведени со помош на гинеколози од ГАК Скопје во текот на оваа недела.

Станува збор за различни лапароскопски методи кај две пациентки.
Во првиот случај асс. д-р Боривоје Павловски од ГАК и д-р Борче Сиваков гинеколог во болницата во Кавадарци направија лапароскопската операција кај пациентка со тубарна екстраутерина бременост и хидросалпинкс на друг јајцевод.

Во вториот случај кој го работеле проф. д-р Игор Алуловски од ГАК и д-р Сиваков применето е лапароскопски отстранување на матка и аднекси поради атипична хиперплазија на ендометријален полип – преканцероза.

Ново на Сител
-

Во Конго има 1.028 сомнителни случаи на ебола
-

Дронот што падна врз зграда во Романија бил руски, соопшти НАТО
-

Трамп е во одлична здравствена состојба, соопшти Белата куќа
-

Алиу: Реализираме стратешки капитални проекти во здравството
-

Бела куќа: Без „црвените линии“ на Трамп нема договор со Иран
-

Артета: ПСЖ го брани трофејот од Лигата на шампионите, а Арсенал е тука да го земе
-

За 20 отсто намалени производството и уловот на риба
-

Утрово најстудено во Берово
