Ланкастер: Трансформацијата на Косовските безбедносни сили е до половина пат

Трансформацијата на Косовските безбедносни сили во армија на Косово е на половина пат, а клучот за овој проблем е во партнерството со НАТО, изјави денеска во Приштина британскиот државен министер за вооружени сили Марк Ланкастер на заедничка прес-конференција со косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
Како што јави дописникот на МИА, Ланкастер изјави дека повторно доаѓа во Косово по 18 години, со цел одблизу да се запознае со активностите на Косовските безбедносни сили.
Харадинај, од своја страна, порача дека трансформацијата на Безбедносните сили во армија на Косово ќе се изврши преку уставни измени и дека тоа ќе биде сторено во оптимален временски период.
Ланкастар, кој денеска престојува во официјална посета на Косово, имаше средби и со косовскиот претседател Хашим Тачи и со министерот за одбрана Рустем Бериша.
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
