Лани од насилна смрт умреле 486 лица
Бројот на умрените лица од насилна смрт лани е намален за 28.2 % во однос на претходната година и изнесува 486. Умрените од насилна смрт учествуваат во вкупниот морталитет со 2.2 %. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во 2022 година поголемо учество имаат машките лица, и тоа 72.8 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи со 78.6 %, самоубиствата со 20.2 % и убиствата со 1.2 %.
Во категоријата несреќни случаи, најголемо учество имаат умрените лица од други надворешни причини за случајна повреда со учество од 55.1 % во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.
Кај категоријата самоубиства, најголемо учество имаат случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација, со учество од 12.3 % во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.
Во категоријата убиства, случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда на неозначен начин учествуваат со 0.8 % во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.
Ново на Сител
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември