Лајчак: Благодарен сум на Ескобар и на американската дипломатија што го поддржаа дијалогот меѓу Белград и Приштина

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска изјави дека му е благодарен на американскиот специјален пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар за поддршката за дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Тој на својот Твитер профил напиша дека е благодарен и на „американската дипломатија за нивниот силен ангажман во поддршката на дијалогот со посредство на Европската унија“. Неговата изјава доаѓа откако шефот на европската дипломатија Жозеп Борел претходно денеска изјави дека Србија се согласи да го укине издавањето влезно-излезни документи за лицата кои имаат косовски лични документи, а Косово се согласи да не ги воведува за оние кои имаат српски лични карти.
Борел на Твитер наведе дека е „постигнат договор“ во преговорите меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ. „Косовските Срби, како и сите други граѓани, ќе можат слободно да патуваат меѓу Косово и Србија, користејќи ги нивните лични карти. ЕУ штотуку доби гаранции од (косовскиот) премиер Албин Курти за ова“, рече Борел.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
