Лагард: Еврозоната се доближува до проектираната инфлација од два отсто

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, оцени дека еврозоната се приближува до целта од два отсто по напредокот во борбата против инфлацијата.
„Очигледно е дека монетарната политика почна да влијае врз намалувањето на инфлацијата. Тоа може да се види од кредитните бројки и каматните стапки, а граѓаните го знаат тоа, како и од обемот на кредити кои се во пад, како и од побарувачката на компаниите за кредити“, наведе таа во интервју за парискиот весник „Фигаро“.
Таа додаде дека тоа се гледа и во економијата, во недвижностите и инвестициите.
Говорејќи за шпекулациите дека ќе има пауза во зголемувањето на каматните стапки од септември, претседателката на ЕЦБ беше нејасна, кажувајќи дека „може да има уште едно зголемување на каматните стапки, или можеби пауза“.
„Паузата, без оглед на датумот, во септември или подоцна, не мора да биде дефинитивна“, рече таа и потсети дека ќе бара „одржливо намалување на инфлацијата до целта од два проценти“.
Растот на цените секако е забавен во последните месеци, додека ЕЦБ неколку пати ги зголеми каматните стапки со цел да ја забави инфлацијата, која во јуни во еврозоната изнесуваше 5,5 отсто на годишна основа.
Ново на Сител
-

ФИА издаде предупредување за прегревање за време на ГН на Австрија
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжи со презентација на докази за лиценцирањето на објектот
-

Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
-

Проблеми за автомобилот налето и како да се решат навреме?
-

Белград е меѓу најскапите европски градови за самци - киријата одзема најголем дел од заработката
-

На Урологија презентирана нова метода за откривање микроскопски траги од тумор во крвта и кога КТ и МР не покажуваат промени
-

Приведен 30-годишник од Кавадарци, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-

Нејмар по дебито на Мундијалот: Плачев во соблекувалната
