Лацио во финишот до три бода на Сардинија

Лацио уште еднаш најави дека оваа година може да биде сериозен кандидат за титулата во Серија А, откако со два гола во судиското продолжение успеа да извлече 2:1 победа на тешкото гостување на Сардинија кај Каљари.
Домаќините дојдоа до водство уште во осмата минута од мечот кога Џовани Симеоне постигна апсолутно прекрасен гол по слабата интервенција на одбраната на римскиот клуб.
По ова се играше релативно израмнето со доста шанси на двете страни, но Лацио не успеваше да дојде во шанса за израмнување до 94. минута, кога Луис Алберто прифати една топка на работ на шестнаесетникот и го совлада голманот Рафаел. Фелике Каиседо во 98. минута, кога се очекуваше крај на мечот, ги расплака навивачите на Каљари за римскиот клуб да ги однесе сите три поени од гостувањето.
Лацио останува трет на табелата со 36 поени, само три помалку од лидерите Јувентус и Интер, додека Каљари е петти со 29 поени, три помалку од четвртопласираната Рома во најава за интересна борба за местата кои водат во Лигата на шампиони.
Ново на Сител
-

Истражување: За првпат повеќе момчиња отколку девојчиња сакаат да стапат во брак
-

ЦУК: Активни три пожари во земјава
-

Големо намалување на цените на дизелот и бензините од полноќ
-

Фабијани повеќе не е тренер на Вардар
-

СДСМ: Погрешено македонското знаме - нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета за независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше
-

Температури до 40 степени следните два дена, од четврток мало освежување
-

Гренланд спречи неовластени нафтени истражувања на компанија поврзана со Трамп
