-->
-->
Квалификации за СП 2018: Косово во група со Хрватска и Турција
-->
Фудбалската репрезентација на Косово ќе игра во Групата И во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија во 2018 година, одлучи УЕФА.
Косово неодамна стана членка на УЕФА, а потоа и на ФИФА. Во квалификациите за СП во Групата И ќе игра против Хрватска, Исланд, Украина, Турција и Финска.
Во соопштението на УЕФА се наведува дека Комисијата за итни прашања на состанокот во Париз одлучила дека во иднина, од безбедносни причини, нема да може да биде во иста квалификациска група против Србија и Босна и Херцеговина.
Исто така, УЕФА му овозможи и на Гибралтар да игра во квалификациите за Мундијалот во Русија. Гибралтар ќе биде во Групата Х каде уште се Белгија, Босна и Херцеговина, Грција, Естонија и Кипар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата