Квалификации за ЕП: Победи на Италија и Германија

Италија стигна до тешко извојувана 2:1 победа над Босна и Херцеговина за да остане со совршен скор и по четири кола во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, продолжувајќи го „препородот“ под водство на Роберто Манчини по неуспехот да се квалификуваат за СП во Русија минатата година.
БиХ дојде во водство со 56. репрезентативен гол на Един Џеко во 32. минута, но „аѕурите“ се вратија во Торино прво преку магичниот гол на Лоренцо Инсиње во 49. минута, за Марко Верати во 86. минута да донесе три поени за домаќините по асистенција на Инсиње. Во групата Ј, Италијанците се убедливо први со 12 поени, три повеќе од Финска, која со 2:0 победи кај Лихтенштајн, додека Ерменија сега е трета по импресивната 3:2 победа на гости кај Грција.
Во групата Ц, Германците во Мајнц не покажаа милост за Естонија, победувајќи со неверојатни 8:0. Во првото полувреме, тимот на Јоаким Лев постигна дури пет голови (Ројс, Гнабри, Горецка, Гундоган и Ројс), за во второто полувреме да додадат уште три (Гнабри, Вернер, Сане).
По шокантниот пораз од Турција, и светските шампиони Франција имаа лесна задача победувајќи со 4:0 кај Андора. Турците пак, откако беа скандалозно пречекани во Рејкјавик, си заминуваат дома со пораз, откако Сигурдсон даде два гола за Исланд да стигне до 2:1 победа. Во оваа група сега Франција, Турција и Исланд имаат по 9 бодови.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Ц
Белорусија – Северна Ирска 0:1
Германија – Естонија 8:0
Табела: 1.Северна Ирска 12, 2.Германија 9, 3.Холандија 3, 4.Белорусија 0, 5.Естонија 0
ГРУПА Е
Азербејџан – Словачка 1:5
Унгарија – Велс 1:0
Табела: 1.Унгарија 10, 2.Словачка 6, 3.Хрватска 6, 4.Велс 3, 5.Азербејџан 0
ГРУПА Х
Албанија – Молдавија 2:0
Андора – Франција 0:4
Исланд – Турција 2:1
Табела: 1.Франција 9, 2.Турција 9, 3.Исланд 9, 4.Албанија 6, 5.Молдавија 3, 6.Андора 0
ГРУПА И
Казахстан – Сан Марино 4:0
Белгија – Шкотска 3:0
Русија – Кипар 1:0
Табела: 1.Белгија 10, 2.Русија 9, 3.Казахстан 6, 4.Шкотска 6, 5.Кипар 3, 6.Сан Марино 0
ГРУПА Ј
Грција – Ерменија 1:3
Италија – Босна и Херцеговина 2:1
Лихтенштајн – Финска 0:2
Табела: 1.Италија 12, 2.Финска 9, 3.Ерменија 6, 4.БиХ 4, 5.Грција 4, 6.Лихтенштајн 0
Ново на Сител
-

Клучни членки на ЕУ се против предлогот за прием на нови држави без право на глас?
-

Секој пациент ќе има електронско досие - нема веќе хартии во папка
-

Укината забраната за пиење на водата во Струга
-

Андоновски: Законски измени или промена на правилникот - мора да се разјасни што е платформа или што е креатор на содржини
-

Пукал кон сопругата, се заканувал и тепал ќерка – нов случај на семејно насилство во Скопје
-

Како да се заштитат жртвите на семејно насилство?
-

Вајц: Не може да се оди напред кон ЕУ без уставни измени
-

Само 8% од Ромките се вработени, но многу мал број пријавуваат дискриминација
