Квалификации за ЕП 2020: Два гола на Елмас за победа над Словенија

Репрезентацијата наМакедонија синоќа забележа важна победа над Словенија со 2:1 (0:0) во квалификациски меч за ЕП 2020 од групата „Г“, кој се одигра на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Двата гола за „жолто-црвените“ ги постигна новиот фудбалер на Наполи, Елиф Елмас, кој беше прецизен во 50-тата, по одличната асистенција на Горан Пандев и 68-та минута, откако по одлична контра на нашиот тим офанзивниот фудбалер излезе сам пред голманот на Словенија, Јан Облак и реализираше.
Почесниот гол за гостите го постигна играчот на Аталанта, Јосип Иличиќ од пенал во 95-тата минута.

По овој меч, нашата репрезентација е на третото место со 11 бода (3-2-2) по седум одиграни кола, на само два од второто место, на кое во моментов е Австрија и кое носи во баражот за пласман на Европското.
Токму со „дружина полска“ нашите фудбалери ќе го имаат клучниот меч на гостински терен, a дуелот се игра во недела, 13 октомври.
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе присуствува на Комисијата за човекови права закажана по барање на родителите на загинатите во Кочани
-

Стартува пленарната расправа за буџетот за следната година
-

Преку онлајн иницијатива СДСМ ќе се бори против отворање на мигрантски кампови во Македонија
-

Врнежите ја пролонгираа есенската сеидба
-

Со растечката примена на вештачката интелигенција мора да постои регулатива
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје
-

За разговори меѓу Скопје и Софија ќе се чекаат подобри времиња
