Македонија
22. January 2022 - 13:07

Кузеска: Пензиите продолжуваат да растат, го штитиме економскиот стандард на граѓаните

Почитувани граѓани, почитувани новинари, 

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски остануваат посветени на заштита на животниот стандард на сите граѓани. 

Растот на пензиите ќе продолжи и оваа година. Покрај законското усогласување кое редовно се исплаќа два пати во годината, за јануари и јули, се прават последните подготовки за посебно, дополнително зголемување на пензиите.

Тоа значи дека околу 330.000 пензионери ќе имаат повисоки месечни примања, што е особено важно ако се земе предвид енергетската криза и последиците од неа врз животниот стандард на граѓаните. 

Фондот за пензионско осигурување е во стабилна финансиска состојба и подготвен да издржи дополнително зголемување на пензиите. 

Според официјалнте податоци, приходите на ПИОМ за 2021 година се зголемени за 1,3 милијарди денари, финансиската состојба е стабилна а пензиите се исплаќаат непречено, дури и пред време. 

Дека и покрај енергетската криза, економијата е стабилна покажува и податокот за раст на просечната плата, која во ноември 2021 година изнесува 29.130 денари, односно е за 5.6 отсто повисока од истиот месец од 2020 година.

Почитувани, 

Владата предводена од СДСМ продолжува со мерки и политики кои значат повеќе пари кај граѓаните и зајакнување на нивниот економски стандард. 

Покрај субвенциите за сметките за електрична енергија за 7.500 семејства, во подготовка е нов сет на мерки за помош и поддршка на граѓаните и стопанството за надминување на негативните последици од кризата.

Прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста-СДСМ