Кутиров реизбрана за директор на Царинската управа
Досегашната в.д. директорка на Царинската управа, Славица Кутиров е реизбрана за директор на оваа државна институција.
Според Кутиров, која беше в.д. од август минатата година, реизборот е потврда за квалитетното менаџирање на Управата во изминатиот период.
-Како директор на Царинската управа, продолжувам во спроведување на сите законски надлежности и приоритетите за развој на институцијата. Во следниот период, целокупното работење го насочуваме кон реализацијата на повеќе проекти кои имаат цел да обезбедат поефикасна наплата на приходите и заштита на финансиските интереси и на општеството, олеснување на трговијата, пред се преку понатамошна дигитализација на царинските и акцизните постапки и интеграција во регионот, како и понатамошна модернизација на ИКТ инфраструктурата и граничните премини. Во оваа насока, потенцирам дека работиме во специфични услови од аспект на пандемијата, која налага умешност во исполнување на активностите на Царината и непречена прекугранична размена на продукти за снабдување на граѓаните со потребните намирници, но и суровини за производство и извоз на компаниите, вели Кутиров.
Таа нагласува дека Царинската управа е значајна институција која има високо ниво на усогласеност со регулативата и стандардите на ЕУ и во континуитет дава силна поддршка на бизнис секторот и легалната економија во целина.
Својата професионална кариера Кутиров ја развива во Царинската управа повеќе од дваесет години и е прв директор кој потекнува од институцијата, а доби мандат да ја извршува оваа функција во следниот период.
Ново на Сител
-
Пуштено во употреба реконструирано одделение на Урологија
-
Вработените во Флораком и Луна на протест поради неисплатени плати
-
За собирањето потписи не независните кандидати ќе разговараат експерти во Министерството за Правда
-
Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионерите не се виновни за поскапувањата
-
Разрешената директорка од Демир Хисар денеска на информативен разговор во полиција
-
Колабирања и сончаници поради топлото време
-
Руралната инфраструктура на истокот во катастрофална состојба
-
Преглед на вестите од светот