Куртулмуш: На Турција и треба силна армија без политички аспирации

Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш изјави дека Турција не може да продолжи по патот на прогресот и развојот со слаба армија и оти никој нема ништо против тоа турските вооружени сили да бидат силни, јави Анадолија.
- Турските вооружени сили имаат само една задача, да ја одбранат државата и татковината. Треба да се изгради армија, која ќе ги исполнува тие задачи и нема да исполнува политички нарачки, ниту ќе има политички аспирации и на никаков начин нема да учествува во политички интервенции. Се надеваме дека ќе успееме во тоа по обидот за преврат од 15 јули, рече Куртулмуш во интервју за телевизијата Фокс.
Вицепремиерот нагласи дека воените преврати се прават со цел да се промени политичкото раководство, но додаде дека пучот од минатиот месец имал мошне „позлобна цел - политичка дестабилизација на земјата“.
Куртулмуш изјави дека сценариото на заговорниците било подготвено за да предизвика граѓанска војна, а потоа да се подготви Турција за окупирање од некоја странска сила.
- Тоа е јасно и сите докази, кои ги собираме, го откриваат тој план, рече Куртулмуш.
Ново на Сител
-

Запален автомобилот на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш
-

Познат идентитетот на возачот кој загина на патот Кочани - Виница, повредени три лица
-

Израел се обиде да го убие иранскиот безбедносен функционер Лариџани
-

Европа му испрати јасна порака на Трамп: Сам реши го својот проблем, ова не е наша војна
-

Од денеска директна авиолинија Охрид-Братислава, а од 29 март нова авиолинија Охрид-Милано
-

Расчистен случај со лажна сообраќајка, уапсен скопјанец што измамил жена за сума од 2.000 евра и 1.000 долари
-

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител утре на собраниска седница
-

Македонски државјанин уапсен во Грција - со мотоцикл возел со брзина од 223 километри на час
