Курдските борци тврдат дека уништиле три турски тенкови во Сирија
Курдските борци во Сирија кои веќе пет денови водат борби со турските вооружени сили кои навлегоа на сириска територија, соопштија дека уништиле три турски тенкови.
Соопштението доаѓа по признанието на турската воена команада, за првите жртви меѓу армиските сили на Турција, во текот на оваа воена кампања.
Еден турски воник е убиен, а тројца други се повредени, во борбите со курдските сили кај градот Џараблус, погранично место кое беше преземено од џихадистите на Исламска држава (ИД), откако турските оклопни единици и авијацијата им помагаа на сириските бунтовници да влезат во градот.
Курдските борци тврдат дека имало тешка битка со турските тенкови во која Курдите со ракети уништиле повеќе околопни возила, па дека затоа бројот на турските жртви е „многу поголем“.
Претставник на курдсите борци изјави за западните медиуми дека турската офанзива, во која авиони на турското воено воздухопловство ги бомбардирале позициите на Курдите, претставува „опасна ескалација“ на воените судирања.
Турција најави дека ќе ја продолжи својата воена кампања на сириската територија се додека на биде елиминирана „терористичката закана“ која доаѓа од соседството и дека ќе продолжи да ги бомбардира позициите на ИД но и на Курдите.
Армиските сили на Турција навлегоа во Сирија за да, како што беше соопштено, ги уништат позициите на ИД, но сега главнината на операциите е против позициите на курдските милиции - Единиците за народна заштита и Курдската партија за демократска унија.
Турција остро се спротиставува на можноста од создавање на „курдска територија“ покрај границата, за да тоа не ги поттикне амбициите на Курдската работничка партија (ПКК) за формирање курдска автономија.
Овие две курдски милиции, како и Турција, се сојузници на САД во борбата со терористите од ИД.
Ново на Сител
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице
-
Инцидент на Скопскиот аеродром: Србин скршил стакло на заштитна врата, полицијата го уапсила
-
Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Босна и Херцеговина
-
Вработените во ФЗОM на предупредувачки протест
-
Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон
-
Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците