Курц: Пандемијата помина, освен за невакцинираните
– Пандемијата за вакцинираните помина, но сега имаме пандемија на невакцинираните, истакна австрискиот канцелар Себастијан Курц.
„Вакцинираните се безбедни и можат да живеат нормален живот, но невакцинираните се небезбедни и мора да имаат негативни тестови и маски со FFP2 за ресторани, трговија, јавен превоз“, истакна Курц за дневниот весник „Кронен цајтунг“.
Тој посочи дека многумина се вакцинирани и не треба да се справуваат со мерките, но сепак има 30 отсто од граѓаните кои не се вакцинирани и не се заштитени, затоа мора да знаат дека некогаш ќе бидат заразени со корона.
„Токму поради невакцинираните се уште се потребни минимум мерки. „Претпочитам се да е отворено за 70 отсто од населението, отколку се да затвораме“, објасни Курц.
Тој, исто така, ја критикуваше Слободарската партија на Австрија (ФПО) за ширење страв и водење кампања против вакцинација.
Ново на Сител
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите
-
Штрајк од први јуни ако не им се исполнат барањата: Вработените во ФЗОМ одржаа предупредувачки протест
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ