Курц и Заниер го осудија инцидентот, бараат дијалог во Собранието

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, кој е актуелен претседавач со ОБСЕ, и генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер, издадоа заедничко соопштение во кое го осудија инцидентот во македонското Собрание во четвртокот попладне. Во соопштението се вели дека насилството не може да биде замена за политички решенија и дека одлуките мора да се носат согласно демократските процеси и на одговорен начин.
- Шокантни се нападите врз неколку членови на Собранието и упадот во зградата на Собранието, кое е срцето на демократијата на земјата. Тоа беше чин на застрашување и напад врз претставниците на граѓаните, кој јас недвосмислено го осудувам. Редот и мирот мора веднаш да се воспостават. Ги повикувам сите страни да се воздржат од натамошно ескалирање на насилството, истакнува министерот Курц.
Заниер додава дека органите на редот мора да ја обезбедат сигурноста на сите пратеници и да се погрижат извршителите да бидат изведени пред лицето на правдата. Курц и Заниер заедно ги повикуваат политичките партии да го продолжат својот дијалог во Собранието и да ги почитуваат демократските процеси и исходот од изборите во декември.
Ново на Сител
-

Училишните психолози ќе се лиценцираат за да превенираат врсничко насилство
-

Катерина Зајковска предложена за член на Антикорупциска
-

Нова национална стратегија за бездомните кучиња
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски од Брисел: Проширувањето е империтив и за ЕУ и за Западен Балкан
-

СДСМ: Мицкоски им ја краде иднината на младите, затоа се иселуваат од Македонија
-

Шест нови мерни станици за следење на квалитетот на воздухот во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
