Курц: Благодарност за Србија поради намалување на мигрантскиот бран
Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц изрази денеска благодарност до Србија за придонесот во намалување на мигрантскиот бран со затворање на балканската рута.
Како што јави Танјуг, тој по разговорот со српската делегација, предводена од премиерот Александар Вучиќ, истакна дека Србија одлично соработува со Австрија во надминување на бегалската криза.
- Затворањето на балканската рута придонесе за значително намалување на бројот на мигрантите кои пристигнуваа во Австрија. Благодарам што и во фаза на отпор бевте со нас, изјави Курц, забележувајќи дека Србија тоа го направила во момент кога во ЕУ постоел отпор за ваквата идеја.
Шефот на австриската дипломатија нагласи дека неговата земја е соочена со раст на бројот на мигранти преку Италија, поради што треба да се преземат мерки за намалување на приливот од оваа рута.
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа