Купил ковчег за погреб, порачал риба и испечатил некролози, а во болница татко му го чекал жив
Животот пишува романи, а понекогаш и трагикомични заплети. Горан Ѓуриќ, од селото Корените, отишол завчера на Одделението за неврологија во Општата болница во Лозница да ја преземе документацијата за „починатиот татко“, а во болничката соба го дочекал неговиот Добривоје (74) жив и расположен.
Медицинскиот персонал во најмала рака бил изненаден што бара од нив, и не им било јасно од каде имал информација дека пациентот починал.
Горан од сосетката од селото добил информација дека стариот Добривој починал. Таа практично му пренела порака од пријателката, инаку медицинска сестра.
Бидејќи станува збор за сериозна жена, веднаш почнавме да се подготвуваме за погреб. Го отворивме шаторот и купивме 100 килограми риба. Отидовме и одбравме и погребна опрема и што да се испише. Следување собирање на документи, и кога отидов во болница, го затекнав татко ми жив, вели Горан.
Настанала вистинска гужва како да се врати рибата, шаторот, а некролозите веќе биле испечатени и само што не почнале да ги лепат.
Од болницата не стигнало официјално соопштение. Инфорамцијата која ја добиле во неговото семејство не била проверена. Тргнале веднаш да подготвуваат, како што наложиваат обичаите, да се подготвува и тоа што го нема. Се покажало дека прво треба да се провери информацијата во болница.
Инаки погребот на Добривоје бил закажан за денеска.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание