-->
-->
Куп трофејот за Вардар
-->
Екипата на Вардар вечерва во Охрид го совлада Металург во финалето на ракометниот Куп на Македонија и по 11-то пат го освои победничкиот пехар. Воедно ова беше трет триумф во националниот куп.
Само во почетните минути тимот од Автокоманда му пружи отпор на големиот фаворит, но по 4:4, вардарци тргнаа со посилен ритам и за само неколку минути стигнаа до 13:7. Металург повторно фати резултатски приклучок и се доближи на 12:10, а на полувреме се отиде со 16:12.
Во еден момент од второто полувреме „црвено-црните“ имаа и плус осум, за на крајот резултатот да гласи 31:24 за шампионот.
Дејан Манасков со седум гола беше најефикасен во победничкиот состав, додека кај Металург, со шест погодоци се истакна Марко Матиќ.
Признанието МВП (најдобар играч на турнирот) на турнирот му припадна на Алем Тоскиќ од Вардар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции