-->
-->
КУП: Силекс гостува во Струга „лавовите“ во Тетово
-->
Денеска беа извлечени двојките за полуфиналето на националниот фудбалски куп. Среќата им беше во корист на Струга ТЛ и Шкендија кои ќе играат како домаќини против Силекс и бранителот на трофејот Македонија ЃП.
Во полуфиналето ќе се игра по еден натпревар и тоа на 5-ти април.
Тренерот на Силекс Горазд Михајлов посака трето финале за кратовчани во низа:-„Ждрепката посака да ни се падне да играме со Струга. Се игра еден натпревар во кој се е можно со оглед на тоа што годинава играме квалитетно на гостински терен. Можеби и добро е што играме во Струга. Сепак, тие се фаворити на хартија, а ние ќе покажеме на терен дека сме квалитетни и верувам во успех и трет последователен пласман во финалето“, изјави Горазд Михајлов по ждрепката.
Струга - Силекс
Шкендија - Македонија ЃП
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати, раст од 23,44 проценти во мај
-
На преминот Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД