Фудбал
18. јуни 2017 - 19:07

Куп на конфедерации: Португалија - Мексико 2-2

СЕлекциите на Португалија и Мексико одиграа 2-2 во денешниот дуел од Купот на конфедерации што се игра во Русија. 

Европскиот првак во два наврати водеше на мечот во Казањ со головите на Кварезма и Соареш но Мексиканците не се предаваа и преку Ернандез и Морено во судиското надополнување се спасија од пораз. 
Во оваа група вчера Русија го совлада Н.Зеланд со 2-0.