Кумановска болница: Не се работи за лекарска грешка во случајот со родилката

Преземени се сите мерки и активности за да се спаси 37-годишната родилка од Крива Паланка, соопштија денеска на прес-конференција лекарите и менаџерскиот тим од Кумановската општа болница.
Директорот на болницата Ариф Латифи посочи дека родилката се породила со царски рез во 12 часот и оти операцијата поминала во вообичаен тек, но настанале потешкотии при будењето иако биле преземени мерки да се подобри дишењето.
Поради тоа е одлучено родилката да се транспортира до терцијална здравствена установа и во придружба на стручен тим е префрлена на Клиниката за КАРИЛ во Скопје.
- На Одделот за интензивно лекување на КАРИЛ направена е кардиопулмонална ресустација која траеше повеќе од 20 минути. Но, и покрај преземените активности, пациентката почина на КАРИЛ во 15:40 часот, рече Латифи.
Според него, смртта на родилката не настанала како последица на лекарска грешка.
Анестезиологот Билјана Петрушевска истакна дека иако биле следени процедурите немало соодветен одговор од пациентката и оти првично ништо не укажувало дека ќе има ваков исход.
Началникот на Гинеколошкото одделение доктор Нисо Тасов нагласи дека се почитувани сите протоколи и оти нема грешка кај гинеколозите и анестезиолозите. Тој соопшти дека во моментов кај нив се присутни комисија од терцијална клиника и од Министерството за здравство.
Случајот е пријавен во МВР и ќе се чека на обдукацијата која ќе ги покаже причините за смртта на родилката.
- Комисија за унапредување на здравството од болницата ќе го следи случајот и ако има лекарска грешка ќе се преземат мерки, но засега ништо не укажува на тоа, истакна директорот Латифи.
Доктор Лидија Јовчевска информираше дека новороденчето на родилката, која е нејзина седма бременост, е во добра здравствена состојба.
Претходно, за медиумите изјава даде и сопругот на родилката Елвис Јусуфов, со која тие живееле во вонбрачна заедница. Според него, неговата сопруга имала уредна бременост која ја водел гинеколог од Крива Паланка. И тој рече ќе ги почека резултатите од обдукцијата за да дознае која е причината за смртта на неговата сопруга. Нагласи дека нема услови сам да одгледува бебе и дека веќе се грижи за трите деца од првиот брак на сопругата.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
