Македонија
17. April 2024 - 13:51

Кумановец избегал од затвор и ограбил продавница во Крива Паланка

Вчера во 03.30 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Е.З.(26) од Куманово, соопшти МВР.

Тој се сомничи дека, откако избегал од казнено - поправна установа, од продажен објект во Крива Паланка одзел предмети и пари.

Е.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.