Македонија
4. February 2020 - 16:27

Кумановец (53) почина на работно место во фирма во Скопје

Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во фирма на ул.„Перо Наков“ во Скопје на А.С.(53) од Куманово, вработен во фирмата, му се слошило и паднал во бессознание.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.