Куман ќе се потпира на Кутињо
Играчот за врска Филипе Кутињо следната сезона ќе игра за Барселона. Новиот тренер на Каталонците, Роналд Куман има намера да се потпира на Бразилецот, пренесува „Марка“.
Раководството на Барселона во моментов не ја разгледува можноста за отстапување на играчот. Кутињо сепак може да го напушти шпанскиот клуб, но само под услов да се плати значителна сума за него.
Минатата сезона Кутињо играше за Баерн, кој плати 8,5 милиони евра за да го изнајми 28-годишникот. Баварците имаа можност да го купат Бразилецот за 120 милиони евра, но се откажаа.
На сите турнири, Кутињо одигра 38 натпревари за Баерн Минхен и постигна 11 гола, од кои 2 во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Барселона (8:2).
Договорот на халфот со Каталонците истекува на 30 јуни 2023 година.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска