Кулханек: Не смее да има нови одложувања за Македонија
Нашата зедничка посета на Македонија има цел да испрати јасна и гласна порака дека сериозно го цениме напредокот којшто земјата го направи до сега во процесот на пристапување кон ЕУ. Почетокот, всушност на вистинските преговори за членство на Македонија одамна доцни и Чешка, Австрија и Словенија, како и други истомисленици меѓу земјите членки на ЕУ силно ја поддржуваат иницијативата на португалското претседателство со Унијата да се организира првата меѓувладина конференција во јуни. Не смее да има нови одложувања.
Ова денеска го порача чешкиот министер за надворешни работи Јакуб Кулханек кој е во посета на земјава, во својство на еден од претставниците на неформалната групата земји членки на ЕУ „Ц5. Ова, рече тој, е навистина одлична група од пријатели.
-Клучно е да знаеме дека овој важен чекор во процесот на пристапување е искомплициран поради билатерален спор со соседна земја. Градењето добрососедски односи е клучна компонента на процесот за пристапување. Сепак користејќи го овој процес за да се поставуваат конкретни билатерални барања, не е фер, и не е во ред. Се надеваме дека овој билатерален спор ќе се реши преку билатерални преговори навремено, истакна Кулханек.
Средноевропските земји имаат богата историја на сложени односи и спорови, но, според чешкиот министер, тие успеале да ги надминат несогласувањата и да станат силни партнери и пријатели во рамките на поголемото европско семејство на ЕУ.
-Сите ги споделуваме нашите ставови и загриженоста на нашите партнери од Западен Балкан,но мораме да гледаме напред, мора да се фокусираме на она што можеме да го направиме за Македонија и за целиот регион. Интеграцијата на регионот во ЕУ е наш стратешки избор и тоа треба да биде на врвот на нашите мисли кога ќе дојде време за Самитот на ЕУ. Би сакал да ве уверам дека во таа насока Македонија и другите земји од Западен Балкан можат да сметаат на нашата целосна поддршка, порача министерот за надворешпни на Чешката Република, Кулханек.
Тој ја пофали нашата земја, за како што рече, храбриот напор да го сузбие протокот на мигранти и нагласи дека Чешка е силен поддржувач на Македонија.
Во одговор на новинарско прашање Кулханек рече дека неможе и несмее да се дозволи да се заглави во ваквите историски спорови и барања.
-Ја планираме оваа конфернција во јуни, го спомнавме тоа, и сакаме да направиме се што е можно за да таа се случи и затоа сме овде сите тројца министри за да ја покажеме нашата силна поддршка за С Македонија, потврди уште еднаш Кулханек.
Ново на Сител
-

Детска песна за „Голема Албанија“ емитувана на МРТ2, програмскиот совет ќе утврдува одговорност
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, во текот на денов врнежи од дожд, наместа пообилни
-

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026
-

Лишени од слобода две лица поради бегство од затвор
-

Иран е претпазлив во врска со разговорите со САД за завршување на војната
-

Папата Лав се надева дека Трамп бара „излезна рампа“ за војната со Иран
-

Први април – Ден на шегата: Скопје во знакот на хуморот, маските и карикатурата
-

Лагард: Последиците од војната со Иран ќе бидат долготрајни
