-->
-->
Кукоч се врати кај „Биковите“
-->

Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Хрватска, Тони Кукоч, кој со Чикаго освои три шампионски титули во НБА лигата, стана советник на претседателот на клубот Мајкл Рејнсдорф. Основна задача на Кукуч ќе му биде да го промовира клубот во светот.
„Тони ќе работи во организацијата и ќе има различни улоги. Со своето искуство ќе ни донесе нови вредности, без оглед дали тоа ќе има врска со странските кошаркари во нашиот тим или кога ќе треба на нашите партнери и навивачи да им објасни што значи да се биде ‘бик’. Тони ќе биде наш силен претставник“, рекол првиот човек на Чикаго Булс, Рејнсдорф.
Кукуч дресот на Чикаго го носеше во периодот од 1993 до 2000 година кога дел од тимот беа и Мајкл Џордан и Скоти Пипен.
„Чест преставува тоа што повторно ќе бидам дел од екипата која го дефинираше мојот играчки пат тука во САД. Булси станаа мое семејство и навистина ѝ се радувам на новата работа“, рекол Кокуч.
На новото работно место Кукоч ќе му се придружи на поранешниот соиграч Скоти Пипен кој од 31-ви октомври 2012 година е советник на претседателот Рејнсдорф.
Хрватскиот кошаркар во НБА лигата мина 13 сезони, седум од нив во Чикаго. Тој во 1996 година беше прогласен за најдобар шести играч во лигата, а од 1996 до 1998 година освои три шампионски титули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
