Куклена претстава „Тоби“ и концерт вечер на „Скопско лето“

На „Скопско лето“ вечер од 19 часот е изведбата на куклената претстава „Тоби“ на Театарот за деца и младинци, по текст на Флоријан Зденек, а во адаптација и режија на Драгослав Тодоровиќ од Белград.
Претставата премиерно беше изведена во април, а по повод поставувањето режисерот Тодоровиќ изјави дека текстот е интересен за најмалите, но и за адолесцентите бидејќи тие се најнезадоволни кога доаѓаат во нивните „луди“ години, кога ништо не им се допаѓа на нивното тело. Марија Ѓорѓијовска го игра ликот на кучето Тоби и пораката, според неа, е да бидеш таков каков што си, онака како што те создала природата.
Во „Тоби“ играат и Катарина Илиевска Силјановска, Винета Дамческа Мојаноска, Ана Левајковиќ Бошков и Мики Анчевски. Креацијата на куклите, костимите и сценографијата е на Ирина Сомборац од Белград, со помош на Кирил Василев и Љубица Велкова. Видеоанимацијата е на Емил Петро, а композитор е Виктор Апостолоски.
На „Скопско лето“ вечер во МНТ од 21 часот е и претставата „Дух“ од Дејан Дуковски во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, која вчера од технички причини беше одложена за денес.
Од 20 часот во Музеј на Град Скопје е концертот на виолинистот Даниел Мојсовски, ученик во ДМУБЦ „Илија Николовски-Луј“, и пијанистката Весна Ангелова-Христов, која од 2000 е професор по пијано во средното музичко училиште, а од 2007 и надворешен член на Македонската филхармонија.
На вечерашниот концерт тие ќе изведат дела од Бетовен, Бах, Брамс, Виењавски, Паганини, Крајслер.
Ново на Сител
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
-

Ненад Савески предложен за нов државен јавен обвинител
-

26-годишник со двајца другари ги нападнал својата поранешна партнерка и нејзиното момче, користеле и електрошокови
-

Лариџани му се закани на Трамп со елиминација
-

Албанец во Градска болница тврдел дека имал сообраќајка, лекарите откриле прострелна рана
