Куќа за еден долар близу езерото Комо
Монти Скијага е изолирано село во северна Италија, каде што, сепак, има пристап до водоводен систем и се наоѓа на 115 километри северно од Милано. А, пак, езерото Комо, каде холивудскиот глумец Џорџ Клуни има луксузна вила, е на околу 64 километри.
Ова планинско место било скоро целосно напуштено во 1970-тите, но ја има задржано својата изворна структура со традиционални архитектонски елементи. А, властите сега ќе одлучуваат по предлогот – напуштените куќи да се продаваат за по еден долар.
Сè ова претставува поволна прилика за инвеститорите. Гласањето за предлогот допрва следи, пренесува „Фокс њуз“.
Недвижнините се во лоша, руинирана состојба, а од купувачите се очекува – во разумна временска рамка да ги реновираат и оспособат за живеење.
Слични проекти веќе се спроведуваат и во други напуштени и зафрлени места ширум Италија.
Ново на Сител
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска