-->
-->
Кукан: Платформата на Рама за албанските партии во Македонија е целосно неприфатлива за ЕУ
-->

Искусниот европратеник и поранешен министер за надворешни работи на Словачка, Едвард Кукан, испрати силна осуда за т.н. албанска платформа на партиите што ги претставуваат албанските гласачи во македонското Собрание, а која зспоред него ја подготвил премиерот на соседна држава на Република Македонија, Еди Рама. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Кукан, кој е прв човек на Европската народна партија (ЕПП) во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), порача дека таквата платформа е целосно неприфатлива како за него, така и за Европската унија.
- Албанија отсекогаш имала добри резултати во однос на регионалната соработка и тоа се цени, но, ќе застанам сега тука. Активностите на албанскиот премиер по изборите во Македонија, за мене се целосно неприфатливи, целосно неприфатливи! Да се поканат албанските политички партии од Македонија и да се дискутира нивна платформа и што треба да прават кога ќе се вратат во нивната земја, мислам е навистина премногу. Изненаден сум што тоа никој не го споменува јавно, но знам дека тоа предизвика многу критики, многу критики. Тоа не е начинот на кој се прават работите, дециден е искусниот словачки европратеник Едвард Кукан.
Во исто време, Европската комисија и Советот на Европската унија, на состаноците на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Унијата, се уште молчат за т.н. албанска платформа во Македонија, поради која и после изборите, земјата не може да добие Влада и да излезе од политичката криза, со оглед на тоа што платформата е услов за создавање на ново македонско државно раководство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, извршен директор на Македонски Телеком
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
-

Политички препукувања за трагедијата во Карпош, други двајца повикани во станица дека ги нападнале сопругите
-

Меџити: Вреди ќе стане партија за 2 недели
-

Владин авион утре ќе евакуира 6 лица од Египет – досега 632 Македонци побарале евакуација
-

Преглед на вестите од светот
-

Додека светот стравува од инфлација, власта уверува – состојбата не е загрижувачка
