Кучињата може да научат до 215 зборови и фрази
Многумина сопственици на кучиња, откако животните биле припитомени, се прашуваат – „Дали моето милениче ме разбира?“
Според ново истражување во Канада кое опфатило 165 кучиња и нивните сопственици, открива дека животните целосно разбираат меѓу 15 и 215 зборови и изрази. Просечното куче може да разбере 89 зборови – исто колку и просечно 18-месечно бебе. Истражувачите Кетрин Рив и Софи Жак од Катедрата за психологија и невронаука на Универзитетот „Далхауз“ ја поврзаа способноста на животните да учат од нивните односи со луѓето.
„Поради нивната еволутивна историја и блиските односи со луѓето, домашните кучиња научиле да реагираат на човечките вербални и невербални знаци на ниво неспоредливо со другите видови“, велат стручњаците.
И додека некои сопственици на кучиња можеби не се согласуваат, истражувачите признаваат дека некои животни, понекогаш, можеби едноставно научиле правилно да реагираат на наредбите што ги слушаат, не морајќи целосно да го разберат нивното значење.
Ново на Сител
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел