Куче силувано на Кеј – случајот пријавен, полицијата нема надлежност да реагира

Минатата недела среде бел ден е мачено и силувано куче на кеј, од страната на Керамидница, силувано од страна на лице на возраст од 25- 30 години кое по монструозното изживување врз кучето влегло во едно од куќарките од таа страна на Вардар. Сведоци биле повеќе лица кои седеле на клупите од страната на Аеродром, кои реагирале, и веднаш повикале полиција, оставиле свои податоци, но полицијата откако дошла одбила да влезе во куќата во која се скрил монструмот, силувачот на кучето, информираат од Анима Мунди.
-Шокирани сме што се се случува во Македонија и што се е се толерира во нашето општество! Шокирани сме што монструми кои се закана за секого шетаат, немаат страв од никого и среде бел ден се изживуваат врз послабите, во случајот врз бездомно, младо куче, кое не можело да избега! Бесни сме што полицијата, иако им е пријавено нема доволен интерес или механизми да влезе и изврши претрес, вештачење, го приведе монструмот кој мачи и силува без око да му трепне што некој го видел, викал, го пријавил! Инсистираме да веднаш биде спроведена истрага и да овој психопат не излезе од затвор, стои во соопштението на Здружението за заштита на животните.
Оттаму велат дека адвокатскиот тим на Анима Мунди контактирал со сведоците и бараат најстрога казна и правда за злоставуваното куче.
–Ги повикуваме итно Министерството за внатрешни работи, АХВ, општинските власти, да ги вложат сите напори за да овие болни умови бидат казнети и сместени таму каде што им е местото, во затвор и бараме комплетно следење на таквите во иднина, се вели во соопштенито.
Ново на Сител
-

СВР Скопје поднесе кривична пријава за случена сообраќајна несреќа во населба Илинден во која загина едно лице
-

Приведен 43-годишник од велешко, затекнат е при обид да изврши кражба во црква
-

Кривична за 30-годишник од Скопје, ја следел неговата поранешна девојка до нејзиниот стан и упатувал закани кон неа
-

Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат, тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија
-

Воздухопловниот ВИНГ го одбележа Денот на единицата со прелети на армиски и сојузнички воздухоплови | ФОТО
-

Ангелов: На ДЗС и се потребни поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици
-

СП 2026: Норвежаните носат 300 килограми риба и познати готвачи
-

33-годишник со месеци силувал малолетничка додека престојувал во нивниот дом во светиниколско
