КСС: Се вршат притисоци врз синдикалните лидери
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) обвини дека се вршат притисоци врз синдикалните лидери и најави дека доколку ваквите притисоци не престанат ќе излезат на протест и ќе преземат активности за организирање на генерален штрајк.
Претседателот на КСС Благоја Ралповски како најнов пример за притисок врз синдикалните лидери го посочи неговото бркање од работа во АД ЕЛЕМ.
- КСС јавно ги искажа своите ставови и побара од Владата усогласување на платите согласно минималната плата, покачување на платите во јавниот сектор и отворање на Општиот колективен договор со посебен акцент на регресот за годишен одмор познат како К-15. Наместо преговори, одредени структури на власта т.е. управни одбори на АД ЕЛЕМ спречија легитимни синдикални избори, а директорите сакаа насилно да постават свои луѓе со цел преземање на синдикалните организации, изјави денеска Ралповски.
Со ова, според Ралповски, се прекршени многу меѓународни конвенции од Меѓународната организација на трудот, како и Законот за работни односи.
КСС денеска доби јавна поддршка и од регионалните синдикални организации од поранешна Југославија кои го осудија давањето отказ на претседателот на КСС поради неговото синдикално ангажирање и побараа да се поништи оваа одлука
Ново на Сител
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
-

Починала во 2006-та, а во декември родила дете
-

Преглед на вестите од светот
