Крвникот од Качаник, Мухаџери не е на Косово

Косовскиот министер за внатрешни работи Скендер Хисени ги негираше денеска медиумските наводи дека еден од командантите на групата Исламска држава (ИД), Лавдрим Мухаџери неодамна престојувал во Косово.
- Тоа се медиумски шпекулации. Тоа лице не е во Косово, истакна Хисени.
Тој исто така наведе дека, ако командантот на ИД би бил во Косово, косовските власти „ќе го дочекале“.

- Нема да навлегувам во детали бидејќи истрагата е се уште во тек. Приведовме 17 лица кои во моментов ги испитуваме. Во тек е судски процес, нагласи ковоскиот министер за внатрешни работи.
Италијанскиот „Еспресо“ на 26 декември, повикувајќи се на извори од италијанската разузнавачка служба, објави дека „крвникот од Качаник“, односно Лавдрим Мухаџери, еден од најбараните команданти на ИД, пред неколку месеци се вратил во Косово.
Ново на Сител
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

Мицкоски: Врховниот суд нанесува срам на правдата во Македонија, тоа се остатоците на СДС и ДУИ
-

Недоволната едукација предизвик во современото пчеларство
-

Карбинци подготвува нови зони за индустрија и домување
-

Преглед на вестите од светот
-

Со 300 милиони денари Државна лотарија ги спонзорираше настаните за 35 години независна Македонија
-

Тема на денот со Кирил Барбареев, универзитетски професор
-

5,5 милиони евра за 35 години независност
